Каков кикс, каков комичен автогол на Шпанија на „Паркен стадионот“ во Копенхаген на мечот од 1/4 финалето на ЕУРО 2020. Се играше 20.минута кога Педри ја врати топката од далечина, голманот Унаи Симон беше невнимателен и се затресе мрежата на Шпанија за водство на Хрватска од 1:0. Претходно Шпанците имаа две супер шанси, но не постигнаа гол, казната стигна на другата страна и тоа на бизарен начин.