МЗТ Скопје и натаму со Радуловиќ, остануваат Крстевски и Мекиќ

196

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром објави дека и следната сезона екипата ќе ја води досегашниот тренер Дарко Радуловиќ. Тој ја презема клупата во специфичен момент минатата сезона, имаше успех донесе трофеји и нормално е да биде и натаму на чело на МЗТ Скопје.

Радуловиќ потпиша нов едногодишен договор, а со него заедно дефинитивно остануваат и Бојан Крстевски односно Адем Мекиќ. Потпис на двегодишна соработка со МЗТ Скопје стави и Дамјан Робев (24 год, 195 см), зад кого е одлична сезона во Куманово.

Преговорите со Магдевскис е во тек

Клбуот од Аеродром потврдува дека интензивно преговара со Андреј Магдевски за продолжување на соработката и дека му е дадена подобра понуда од онаа која што беше важечка до сега.

 

ПретходноВардар и Е. Пелистер ги дознаа термините за 1/4 финалето во СЕХА лигата
СледноМетју Божиновски стрелец за Мелбурн Виктори (ВИДЕО)