Почина легендарната југословенска атлетичарка

1029

На 73. годишна возраст во Белград почина легендарната југословенска атлетичарка Вера Николиќ. По долго и тешко боледување во кое со месеци беше во кома Николиќ почина како последица од мозочен удар.

Николиќ е родена 1948 година, и во своите витрини имаше медали од Европското првенство на 800 метри, а во 1968 година во оваа дисциплина постави и нов светски рекорд. Настапи и на олимписките игри во Мексико.

 

ПретходноГеоргиевски и Чолаковски се шампиони на Австралија
Следно„Бомба“ во Штип, пристигнува екстра засилување од Србија (ВИДЕО)