Откако Шалке 04 се пресели во втората германска лига логично беше заминување на голем дел од првотимците на оваа екипа. Еден од нив е Себастијан Руди, екс-германскиот репрезентативец кој потпише договор со Хофенхајм до јуни 2023 година. Изминатите две сезони Руди играше како позајмен во Шалке, но откако тимот од Гелзенкирхен испадна Руди како слободен играч потпиша постојан договор со клубот од Зинсхајм.
Руди има 31 години и е дефанзивен играч за врска, а ја почна кариерата во Штутгарт, потоа седум години играше за Хофенхајм, па една сезона беше и во Баерн Минхен. Во 2018 година отиде во Шалке каде што не се снајде па беше позајмен во Хофенхајм каде што сега потпиша договор.
Инаку, Руди има 29 натпревари за Германија, а се откажа од националниот тим во 2019 година.