Чудесно враќање на Хрватска во финишот, продолженија во Копенхаген (ВИДЕО)

231

Каков меч во Копенхаген. По 90.минути 3:3. Чудесно враќање на Хрватска, од 1:3 до 3:1. Па ќе има продолженија во Копенхаген.

Супер интересен меч одиграа Шпанците и Хрватите. Во првата фаза момците на Луис Енрике имаа дури три зицери, но голманот Ливаковиќ беше фантастичен. На другата страна шокантен автогол и тоа во 20 минута кога Педри од далечина ја врати топката кон својот голман, тука неспретно реагираше Унаи Симон и тоа беше водство на “коцкестите“ од 1:0. Радост, еуфорија, “лудница“ меѓу бројните фанови на Хрватска на “Паркен стадионот“.

Сепак Шпанија по првичниот шок се ослободи од притисокот, почна да игра уште поагресивно, и во 38.минута Сарабиа израмни на 1:1. Со тој резултат се замина на пауза.

Во вториот дел Шпанија напаѓаше, но Хрватска одигра навистина борбено, храбро, но сепак немаше идеја како да го стопира својот противник кој постојано го имаше поседот на топката, аналогно на тоа имаше и повеќе шанси.

Во 57.минута Феран Торес прекрасно му асистираше на Аспиликуаета, а овој стрела за пресврт, за 2:1 за Шпанија.

Дваесет минути подоцна, се чинеше како да се стави крај на надежите на Хрватска, Феран Торес сега погоди за 3:1.

Но Хрватска не се предаде, Оршиќ во 85. минута намали на 3:2. Таа топка едвај ја мина гол – линијата, но сепак беше гол, тука немаше дилеми посебно по прегледаните ТВ снимки.Тоа беше уште една казна за Шпанците за промашените шанси, со кои можеше одамна да го “заклучи“ овој натпревар.

И тоа не беше се од Хрватска, во 92.минута Пашалиќ погоди за 3:3.

Одиме во продолженија.

ПретходноЛоши вести за Белгија: Без Де Брујне и Азар против Италија
СледноРоберто Солдадо му стана соиграч на Барди