Баерн го испрати младиот голман Нибел во Монако, па си го врати Свен Улрајх

264

Германскиот првак Баерн (М) денеска потврди дека направи рокада на голманската позиција во тимот. Имено, младиот голман Александар Нибел кого го купија од Шалке, баварците веднаш го испратија на позајмица во Монако.

Позајмицата е на две години, но Баерн следното лето ќе има можност да го врати пред предвидениот рок.

Во исто време, Свен Улрајх се врати во клубот и тој ќе ја има улогата на втор голман. Улрајх кој играше во тимот од 2015 до 2020 година, минатата сезона ги бранеше боите на второлигашот Хамбургер.

ПретходноЕуро 2020: Ослабената Хрватска против бледата Шпанија, Французите апсолутни фаворити
СледноДарко Илиески нов играч на Копер