„Бомба“ во Штип, пристигнува екстра засилување од Србија (ВИДЕО)

8307

Брегалница не се шегува летово. Откако мирно и тивко влезе во преодниот рок и многумина се прашуваа во кој правец ќе тргнат Штипјани от таму со своите потези покажуваат дека планираат да создадат сериозно квалитетен тим.

Откако е потпишан екс Македонскиот репрезентативец Даниел Мојсов, Спортмедиа дознава дека во Штип пристигнува и сериозно квалитетно име во средниот ред.

Се работи за интернационалецот од Србија, Небојша Гавриќ кој има одиграно преку 300 мечеви во шампионатот на Србија односно БИХ.

Се работи за искусен, 29. годишен фудбалер, кој има настапувано за екипите на Борац Чачак, Вождовац, Младост Лучани, Сараево, и последно Олимпик, а има и меѓународни настапи.

 

ПретходноПочина легендарната југословенска атлетичарка
СледноЕуро 2020: Ослабената Хрватска против бледата Шпанија, Французите апсолутни фаворити