Вимблдон: Новак го загуби првиот сет, потоа го “скрши“ Дрејпер за победа од 3:1!

328

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот успешно ја стартуваше одбраната на титулата во Вимблдон, освоена во 2019 година. Да потсетиме дека лани поради пандемијата не се играше најпрестижниот тениски турнир во светот.

Србинот првиот сет неочекувано го загуби од Џек Дрејпер со 4:6 во гемови, но потоа следуваше одлична игра на Ноле па успеа да добие три сета последователно, и тоа со 6:1, 6:2 и 6:2 во гемови, што беше сосема доволно за триумф и пласман во второто коло на годинашниот Вимблдон.

ПретходноОфицијално: Од идната сезона публиката се враќа во Бундеслигата!
СледноМилан започна преговори за Кутињо