Драмата на „Паркен“ со среќен крај за Шпанците (видео)

183

Шпанија е во четвртфиналето откако го доби драматичниот меч со Хрватска вечерва на „Паркен“ стадионот во Копенхаген. Шпанците водеа со 3:1 на 20-тина минути до крајот на мечот, но „коцкастите“ во финишот се вратија со тоа што постигнаа два гола и го однесоа мечот во продолженијата.

А таму Хрватите на почетокот имаа две убави шанси кои не ги искористија, па потоа ги стигна казната. Во 100 минута на нафрлување на Олмо и кикс на Чалета-Цар, Мората ја прифати топката и биеше силно под пречката на Хрватите.

Три минути подоцна Микел Ојарзабал се најде во добра позиција и погоди за конечни 5:3 и пласман на „Фуријата“ во четвртфиналето.

Хрватите се враќаат дома.

Чудесно враќање на Хрватска во финишот, продолженија во Копенхаген (ВИДЕО)

ПретходноРоберто Солдадо му стана соиграч на Барди
Следно„Пандевци“ ги запалија моторите, во наредните денови доаѓаат и засилувања