Еуро 2020: Ослабената Хрватска против бледата Шпанија, Французите апсолутни фаворити

312

Репрезентациите на Хрватска и Шпанија денеска ја отвораат новата осминафинална програма на Еуро 2020. Во 18 часот во Копенхаген, „коцкестите“ ќе се обидат да му парираат на фаворитот Шпанија и да направат изненадување на патот до четврфиналето.

Избраниците на Златко Далиќ претрпеа силен удар во пресрет на натпреварот, откако стана јасно дека една од ѕвездите на тимот, Иван Перишиќ, е заразен со коронавирусот и е сместен во изолација. Дефанзивецот Дејан Ловрен нема да може да игра поради жолти картони, а Шиме Врсаљко ќе биде неизвесен се до почетокот на мечот.

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике нема проблеми со суспензии, освен повредата на голманот Де Хеа, кој вчера го повредил мускулот на левата нога на последниот тренинг, па ќе биде неизвесен за настап денеска.

Двете селекции имаат осум меѓусебни натпревари, со 4 победи на Шпанија и 3 за Хрватска.

Веројатни состави:

Хрватска: Ливаковиќ, Врсаљко, Чалета-Цар, Вида, Баришиќ, Брозовиќ, Модриќ, Ковачиќ, Влашиќ, Петковиќ, Ребиќ.

Шпанија: Симон, Алба, П. Торес, Лапорт, Аспиликуета, Педри, Бускетс, Коке, Морено, Мората, Сарабија.

 

Франција и Швајцарија ја затвораат денешната програма од 21 часот на „Националната Арена“ во романскиот главен град Букурешт. Актуелните светски шампиони, Французите, се големи фаворити, но во групата не блескаа.

Пред натпреварот, селекторот Дидие Дешамп има многу кадровски проблеми. Надвор од комбинација за настап се Лука Дињ и Усман Дембеле, а Лука Хернандез ќе биде неизвесен. Томас Лемар, Адриен Рабио и Маркус Турам исто така имаат болка и не се знае колку можат да помогнат.

Во исто време, неговиот колега Владимир Петковиќ може да смета на сите негови играчи. На последните седум натпревари против „галските петли“ на сите турнири, Швајцарија не успеала ниту еднаш да ги победи.

Веројатни состави:

Франција: Лорис, Павар, Варан, Кимпембе, Дубоа, Рабио, Канте, Погба, Мбапе, Гризман, Бензема.

Швајцарија: Зомер, Родригез, Аканџи, Елведи, Зубер, Фројлер, Џака, Мбабу, Шаќири, Емболо, Сеферовиќ.

Претходно„Бомба“ во Штип, пристигнува екстра засилување од Србија (ВИДЕО)
СледноБаерн го испрати младиот голман Нибел во Монако, па си го врати Свен Улрајх