Роберт Коцев и Александар Мишов и официјално се нови играчи на Тиквеш. И двајцата доаѓаат од Борец каде во пролетниот дел од сезоната одиграа квалитетно, посебно Мишов кој беше најдобар во тимот на велешани. Инаку ова е повторно враќање на Мишов во Тиквеш, но сега ќе игра во Првата лига.
Нема дилеми дека Тиквеш со овие двајца, но и со претходните засилувања, како и со тие што ги планира, нема да игра епизодна улога во ПМФЛ следната сезона.
ХОЛАНЃАНЕЦ ВО КАВАДАРЦИ?
Во нападот на Тиквеш би можел следната сезона да игра и Холанѓанец кој е роден во Луанда Ангола. Неговото име е Ндомбеле Фортунато да Силва (27). Има играно во
младинските екипи на Утрехт, Ситард, а има играно и за првиот на Патро Еисден од Белгија. Холанѓанецот моментално е на проба во Тиквеш.