Кире Лазаров, селекторот на машките македонски репрезентации, го скрати поширокиот список на ракометари за ЕХФ шампионатот во Скопје.
Од првичните 39 ракометари, сега списокот содржи 23 ракометари, но тука се и шест резерви доколку некој откаже.
Подготовките стартуваат на 5. јули во 13 часот.
Македонија на ЕХФ шампионатот ќе настапи со Полска и Грција во „А“ групата. Шампионатот се одржува од 9 до 15 август.