Лоши вести за Белгија: Без Де Брујне и Азар против Италија

352

Белгија е во шок, на дуелот против Италија во рамките на четвртфиналето на ЕУРО најверојатно нема да може да смета на двајца фудбалери.

Шансите за да ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне да се врати се мали, тамошните медиуми пишуваат дека Белгија ќе мора без него. Сепак подетални информации ќе има во текот на утрешниот ден по дополнителните прегледи. Де Брујне го повреди глуждот по судирот со Жоао Палиња.

Во составот најверојатно ќе го нема ниту Азар, кој исто така се повреди на мечот против Португалија.

ПретходноШпанците направија целосен пресврт (ВИДЕО)
СледноЧудесно враќање на Хрватска во финишот, продолженија во Копенхаген (ВИДЕО)