Мартинез: Зглобот на Де Бруин изгледа лошо, не знам дали ќе продолжи на ова ЕП

368

Белгија скапо ќе ја плати победата против Португалија во осминафиналето на Еуро 2020, со оглед на тоа што двајца од најдобрите фудбалери се најдоа на листата на повредени. Според последните вести со повреди се здобија и Еден Азар, но и Кевин Де Бруин.

Особено е сериозна состојбата со скочниот зглоб на фудбалерот на Манчестер Сити, чии шанси за понатамошен настап на ЕП се минимални.

Де Бруин го повреди скочниот зглоб по еден дуел со португалскиот играч за врска Жоао Палиња. Тој веднаш побара да биде заменет 48-та минута. „Веројатно ќе ни требаат 48 часа за да констатираме за каква повреда станува збор и кај Кевин и кај Еден“, изјави селекторот на Белгија, Роберто Мартинез. „Како што е моментно глуждот на Кевин Де Бруин, изгледа лошо. Ќе видиме. Во овој момент не сме добиле никаква медицинска дијагноза од медицинскиот оддел“, дополни селекторот на „црвените ѓаволи“.

ПретходноРој Кин: Да бев Роналдо ќе го бркав Феликс по соблекувалната!
СледноМилан се договори со Реал: Диаз и следната сезона на „Сан Сиро“