Македонскиот младински репрезентативец Метју Божиновски е стрелец за својот тим Мелбурн Виктори. Она што е особено за овој гол е фактот што стоперот го одигра првиот меч за својот тим откако мина двонеделен карантин во домашни услови.
Божиновски е најновото откритие за нас кога станува збор за засилувањата од дијаспората и тој веќе настапи за нашиот национален тим до 21. година на последниот камп. Го доби и неопходниот Македонски пасош во меѓувреме и од него допрва очекуваме добри и настапи за нашиот национален состав.