Милан започна преговори за Кутињо

205

Раководството на Милан започна преговори со Барселона во обид да го доведе во своите редови Фелипе Кутињо.  Според информациите во Италија, „росонерите“ сакаат да го позајмат Бразилецот првично. Голем проблем, сепак, останува платата на поранешниот играч на Ливерпул , кој моментално добива 12 милиони евра по сезона. Неговиот договор со Каталонците истекува во јуни 2023 година.

Минатата сезона Кутињо одигра само 12 натпревари за Барселона во Ла Лига, но имаше огромни проблеми со повреди. Претходно плејмејкерот играше на позајмица за Баерн (Минхен), а сега на „Сан Сиро“ очигледно имаат инфо дека Барса повторно не смета сериозно на него.

Европската кариера на Кутињо започна со градскиот ривал Милан, Интер, од каде што Ливерпул го купи во 2013 година за 8,5 милиони фунти.

ПретходноВимблдон: Новак го загуби првиот сет, потоа го “скрши“ Дрејпер за победа од 3:1!
СледноШкендија отпатува за Банско каде утре ќе се “тестира“ со ЦСКА 1948!