Милан се договори со Реал: Диаз и следната сезона на „Сан Сиро“

209

21-годишниот шпански офанзивен играч за врска од екипата на Реал Мадрид, Брахим Диаз, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Милан, ќе продолжи да игра за италијанскиот клуб.

Милан се договорил за продолжување на договорот за закуп со Реал Мадрид. Сепак, покрај закупот, италијанскиот клуб успеа да вклучи во договорот клаузула за можно откупување на играчот за 25 милиони евра. Во исто време, Реал Мадрид ќе има можност за (ре)откуп од 30 милиони евра.

„Росонерите“ продолжуваат да преговараат и за закуп на шпанскиот бек Алваро Одриозола.

ПретходноМартинез: Зглобот на Де Бруин изгледа лошо, не знам дали ќе продолжи на ова ЕП
СледноНОВ СВЕТСКИ РЕКОРД: Прва жена која 400 метри со пречки истрча под 52 секунди! (ВИДЕО)