На Олимпијадата ќе може до 10.000 гледачи, но не смеат да викаат и гласно да зборуваат!?

188

Организацискиот комитет на ЛОИ во Токио и официјално ќе дозволи 10.000 гледачи од Јапонија да присуствуваат на олимписките борилишта за време на Летните олимписки игри. Веста ја објави ББЦ, повикувајќи се на извори од јапонската организација.

Присуството на гледачи од странство е забрането, но организаторите објавија дека домашните гледачи ќе можат да присуствуваат на олимписките настани, но не повеќе од 50 отсто од капацитетот на гледалиштата. Како дел од протоколот за присуство на трибините ќе биде забрането викање и гласно зборување, а присутните цело време ќе мора да носат маски на лицето.

ПретходноПлатиле 400 евра за празни трибини: Шкупи и Лапи ја почнаа „битката“ уште од Струга
СледноНепоправлив: Роналдо повторно ја фрли, a сега и ја шутираше капитенската лента (ВИДЕО)