Американската атлетичарка Сидни Меклафлин постави нов светски рекорд на 400 метри со пречки на квалификациите за Олимписките игри во САД во Јуџин со време 51,90, со што стана првата жена во историјата што ја истрчала таа делница за помалку од 52 секунди.
Меклафлин беше побрза во квалификациите од олимпискиот и светски шампион Далила Мухамад, сопственичка на претходниот рекорд (52,16), која го освои второто место со време 52,42.
Ана Кокрел го освои третото место.