Обрадовиќ на промоцијата: Само Реал Мадрид е во рангот на Партизан!

1079

И дефинитивно Жељко Обрадовиќ е новиот тренер на КК Партизан. “Гробарите“ се во еуфорија, раководството на клубот исто така, во Партизан едноставно “врие“, се е во знакот на најтрофејниот тренер во Евролигата. Попладнево “црно – белите“ на прес – конференција го промовираа својот нов тренер, кој се врати во Партизан по цели 30 години.

Многу добро знам што се очекува од мене. Се разбира дека прв приоритет е да играме во Евролигата, но не само една година, туку постојано да бидеме дел од неа. Среќен сум што се вратив во мојот Партизан. Сите ние сакаме да го вратиме клубот таму каде што припаѓа. Во Европа не постои клуб кој дал толку играчи и тренери кои освојувале трофеи, во рангот на Партизан можеби е само Реал Мадрид. Одлуката да се вратам беше многу лесна, по завршните разговори побарав само два – три часа да размислам, и еве тука сум пред вас“ рече Обрадовиќ покрај останатото на официјалната промоција.

ПретходноШкендија отпатува за Банско каде утре ќе се “тестира“ со ЦСКА 1948!
СледноРакитиќ: Сакам Мората да даде четири гола