Официјално: Од идната сезона публиката се враќа во Бундеслигата!

158

Публиката и дефинитивно се враќа во Бундеслигата. Ова е јасно откако Борусија Менхенгладбах соопшти дека натпреварот од 1. коло против Баерн Минхен ќе се игра со публика на „Борусија Парк“.

На стадионот ќе бидат присутни третина од капацитетот, односно ќе има околу 18.000 гледачи.

Во зависност од епидемиолошката состојба во регионите. Така Менхенгладбах истакна дека добила дозвола од властите, а се очекува да нема проблеми и за другите стадиони. Ова е одлична вест за сите љубители на фудбалот во Германија. За потсетување дека Бундеслигата е една од најгледаните првенства во Светот.

ПретходноБлаж Слишковиќ хоспитализиран поради проблеми со крвните садови!
СледноВимблдон: Новак го загуби првиот сет, потоа го “скрши“ Дрејпер за победа од 3:1!