Пораз кој не се простува: „Лалињата“ подготвуваат отказ за Де Бур

279

Сензационалниот пораз од Чешка во осминафиналето на Европското првенство може да се претвори во отказ за 51-годишниот селектор на холандската репрезентација Франк де Бур. Веста синоќа ја објавија повеќе угледни светски новинари.

Според информациите, раководството на Холандската федерација уште синоќа било подготвено да му соопшти на Де Бур дека соработката ќе биде прекината. Многу членови на управниот одбор на холандската фудбалска федерација се незадоволни од работата на селекторот, а гневни на синоќешниот пораз во осминафиналето, каде „лалињата“ влегоа како големи фаворити.

ПретходноКошаркарките на Србија европски шампионки!
СледноМилвоки направи „брејк“ во Атланта и поведе во Источното финале