На 73. годишна возраст во Белград почина легендарната југословенска атлетичарка Вера Николиќ. По долго и тешко боледување во кое со месеци беше во кома Николиќ почина како последица од мозочен удар.
Николиќ е родена 1948 година, и во своите витрини имаше медали од Европското првенство на 800 метри, а во 1968 година во оваа дисциплина постави и нов светски рекорд. Настапи и на олимписките игри во Мексико.