Искусните фудбалери Андреа Ранокија и Даниеле Д’Амброзио ги продолжија договорите со италијанскиот шампион Интер. И двајцата ставија потпис на нови, едногодишни договори што значи дека идната сезона ќе ги бранат боите на миланската екипа.
Ранокија има 33 години и одигра само девет натпревари минатата сезона, а е на „Сан Сиро“ од 2011 година со две позајмици во Сампдорија и хал Сити. Д’Амброзио ќе наполни 33 години во септември, а е корисен за Интер затоа што може да игра на неколку позиции, како десен бек, десно крило и централен бек.
Тој дојде на „Сан Сиро“ од Торино во јануари 2014 година, а изминатата сезона одигра 19 првенствени натпревари и даде три гола.