Силекс го победи албанскиот Лачи со голот Пеле Алексовски!

1366

Силекс се чини дека подготвен ќе ги дочека двата меча од 1.квалификациско коло во Конференциската лига против Молдавскиот Петрокуб. Посебно ако се смета денешниот пријателски меч во Охрид, и победата против Лачи, еден од најдобрите тимови во Албанија. Силексовци триумфираа со 1:0 а стрелец на победничкиот гол беше Дарко Алексовски – Пеле во 39.минута.

Ова беше втора пријателска за составот на стратегот Горазд Михаилов и прва победа. Пред неколку дена Силекс, исто во Охрид, загуби од албанскиот шампион, тимот на Теута со 0:1.

ПретходноДембеле успешно опериран, Барса ги разочара фановите
СледноШпанците направија целосен пресврт (ВИДЕО)