Усман Дембеле денеска би успешно опериран во Финска и тоа кај докторот Ласе Лемпнаинен. Операцијата на коленото минала во најдобар ред, па така сега французинот ќе мора на пауза од најмалку четири месеци.
Ова го објави раководството на Барселона во текот на денешниот ден и ги разочара фановите поради долгата пауза која го чека Дембеле. Интересно е тоа што и минатата операција врз Дембеле била извршена во Скандинавија. Инаку напаѓачот на Барселона се повреди на ЕП како член на репрезентацијата на Франција.
Усман Дембеле во Барса дојде во 2017 година за 135 милиони евра, но ни најмалку не ги оправда очекувањата. Па така каталонскиот гигант сака по секоја цена да се ослободи од него.