Шпанија е во четвртфиналето откако го доби драматичниот меч со Хрватска вечерва на „Паркен“ стадионот во Копенхаген. Шпанците водеа со 3:1 на 20-тина минути до крајот на мечот, но „коцкастите“ во финишот се вратија со тоа што постигнаа два гола и го однесоа мечот во продолженијата.
А таму Хрватите на почетокот имаа две убави шанси кои не ги искористија, па потоа ги стигна казната. Во 100 минута на нафрлување на Олмо и кикс на Чалета-Цар, Мората ја прифати топката и биеше силно под пречката на Хрватите.
Три минути подоцна Микел Ојарзабал се најде во добра позиција и погоди за конечни 5:3 и пласман на „Фуријата“ во четвртфиналето.
Хрватите се враќаат дома.
Чудесно враќање на Хрватска во финишот, продолженија во Копенхаген (ВИДЕО)