Метју Божиновски стрелец за Мелбурн Виктори (ВИДЕО)

461

 

Македонскиот младински репрезентативец Метју Божиновски е стрелец за својот тим Мелбурн Виктори. Она што е особено за овој гол е фактот што стоперот го одигра првиот меч за својот тим откако мина двонеделен карантин во домашни услови.

Божиновски е најновото откритие за нас кога станува збор за засилувањата од дијаспората и тој веќе настапи за нашиот национален тим до 21. година на последниот камп. Го доби и неопходниот Македонски пасош во меѓувреме и од него допрва очекуваме добри и настапи за нашиот национален состав.

 

ПретходноМЗТ Скопје и натаму со Радуловиќ, остануваат Крстевски и Мекиќ
СледноМилионер џек-пот им донесе над 3.000.000 денари на двајца среќници