Британката Јохана Конта, полуфиналистката на Вимблдон од 2017 година, иако денеска требаше да ги почне настапите на првиот ден од новиот Грен Слем турнир, сепак, мораше да оди во изолација 10 дена, откако била во контакт со член на нејзиниот тим кој е позитивен на Ковид-19.
Најдобрата Британка беше принудена да се повлече од Вимблдон откако близок член на нејзиниот тим бил позитивен на коронавирусот. Конта, која во првото коло на Вимблдон требаше да се сретне со Катерина Синијакова, сега мора да седи во изолација до првиот негативен тест, не порано од 10 дена.
Конта имала негативен тест, но поради протоколите таа не може да игра на Вимблдон.