Ракитиќ: Сакам Мората да даде четири гола

3807

Хрватска или Шпанија во четвртфиналето? Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме наскоро, осминафиналната пресметка меѓу овие репрезентација почнува во 18 часот.

Пред почетокот на средбата во јавноста се огласи Иван Ракитиќ. Новинарите му поставија интересно прашање. Овој фудбалер долго време го носеше дресот на Хрватска, но истовремено неговата сопруга е од Шпанија, па го прашаа за кого ќе навива.

Ракитиќ призна дека разговорал со Алваро Мората, кој се најде на жестоки критики поради лошите партии во групната фаза.

„Се надевам дека ќе постигна четири гола, но истовремено да загуби со 5-4“, изјави Ракитиќ и додаде:

„За да можам да се вратам дома, не смеам да бидам во целост искрен. Многу пати зборував со некогашните соиграчи од репрезентацијата. Секако дека сакам да ја видам Хрватска како победник, но секогаш имам најдобри желби за репрезентацијата на Шпанија“.

ПретходноОбрадовиќ на промоцијата: Само Реал Мадрид е во рангот на Партизан!
СледноЛеванте го продава Барди – цената е најмалку 16 милиони евра!