Репрезентацијата на Англија се пласира во четвртфиналето на ЕУРО 2020 откако вечерва го победи стариот ривал Германија на „Вембли“ со 2:0. Во последната четвртина од мечот Англичаните ги дадоа двата гола вредни пласман меѓу осумте најдобри.
По првите 45 минути Тимо Вернер имаше шанса за Германците на почетокот, а на крајот на првите 45 минути по соло продорот на Стерлинг, Хари Кејн се најде во одлична позиција, но Хумелс реагираше и ја исфрли топката далеку од голот.
На почетокот на вториот дел Каи Хаверц шутна под пречката, но Пикфорд ја исфрли во корнер. Следуваше здодевен период, без шанси, со многу прекини и тактизирање е до 75 минута кога Шо уфрли по земја, а Стерлинг од неколку метри ја смести топката во германскиот гол.
Во 81. минута прекрасна шанса за Томас Милер. Фудбалерот на Баерн се стрча како молња, излезе сам пред Пикфорд но шутна покрај голот.
Четири минути подоцна брза акција на англиските фудбалери, Грилиш уфрли од лево, а Хејн го погоди голот на Ноер.
Англија ќе го чека подобриот од мечот Шведска-Украина.
Raheem Sterling goal!
England 1-0 Germany #ENGGER pic.twitter.com/Z5HpLm8Ue3— 𝗦𝗮𝘆𝗼 🌟 (@ss4yoo) June 29, 2021
Harry Kane goal
Germany 0-2 England #ENGGER pic.twitter.com/Cvi8gjOcaH— 𝗦𝗮𝘆𝗼 🌟 (@ss4yoo) June 29, 2021