Репрезентацијата на Хрватска е поразена во осминафиналето на ЕУРО од Шпанија со 5-3 по продолженија. „Коцкестите“ одиграа одличен меч од 3-1 се вратија и израмнија на 3-3, но по завршување на регуларниот дел примија два гола за крај на ова континентално натпреварување.
На мета на хравтските медиуми е селекторот, Златко Далиќ. Според многумина Хрватска не се покажала во вистинско светло, за време на прес-конференцијата тој одговори на прашањето дали ќе планира да поднесе оставка.
„Ниту е време, ниту пак е место да одговорам на ова прашање околу мојот мандат. Истиот ми завршува во 2022 година, навистина не е време да зборам за ова“, порача селекторот на Хрватска.
На Далиќ договорот му истекува по завршување на Мундијалот во Катар, но многумина веруваат дека и покрај сите критики тој ќе остане селектор на оваа репрезентација. Останува да видиме.