Во таборот на кавадаречкиот прволигаш деновиве е раздвижено. Подготивките стартуваа, а раководството е во потрага по нови имиња. Има неколку фудбалери, па и од Холандија кои се на проба во клубот.
Покрај другите тука се и интернационалците од Србија, Урош Мирковиќ (30 години), кој игра во средниот ред и Василије Вељко Миловановиќ (22 години) кој може да игра и во нападот, но и во линијата за врска.
Сите тие ќе имаат можност на дело да го покажат својот квалитет со оглед на тоа дека утре во Кавадарци, со почеток од 18 часот екипата на Тиквеш против Македонија ЃП ќе ја одигра својата прва контролна средба ова лето.