Како што открива порталот “sdk.mk“, во пресрет на стартот на новите сезони во нашите првенства, а најмногу се мисли на фудбалскиот шампионат каде се очекува од август па натаму да има и фанови на трибините, Владата предлага драстично зголемување на казните за непристојни и националистички скандирања.
Па така ако има скандирање на фановите, оние “популарни“ како “За шиптари гасна комора“ и “Македонско девојче, ку*ва голема“ клубовите се соочуваат со казни и од 30.000 евра. Се предвидуваат и зголемување на казните и за Федерациите како одговорни кои ги водат првенствата.
Како што пишува „sdk.mk“, ова се прави со цел да се запрат сите вакви појави кои со децении кај нас, посебно на фудбалските стадиони и тоа како се “популарни“, без разлика дали на еден натпревар има две навивачки групи или само една.
Во новите измени во Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на натпреварите, се предлага зголемување на казните од 2.000 до 8.000 евра за клубовите чии навивачи ќе пеат и скандираат вакви “песни“, или пак ќе имаат транспаренти.
За да нема вакви казни, клубовите ќе мораат да постават одговорно лице, кое би спречило вакви појави.
КАЗНИ И ЗА ФЕДЕРАЦИИТЕ…
Се предвидуваат казни и за Федерациите. Имено ако на пример ФФМ навреме не пријави во МВР дека ќе се одржи спортски натпревар со зголемен ризик, ризикува казна до 8.000 евра. Досега таа казна беше само 2.000 евра.
Парична казна до 8.000 евра ќе има и за гостинскиот клуб, ако навреме не пријави дека организирано ќе води свои фанови и не спречи навреме било какви активности на своите навивачи од овој тип.
Гостинскиот клуб ќе биде казнет со најмалку 8.000 евра ако не го извести клубот домаќин дека ќе води свои навивачи, не ја каже точната маршрута на групата фанови.
Се предлага казна за клубот домаќин казна од 500 до 7.000 евра ако не биде одредено одговорно лице кое ќе води сметка да нема насилство и навредливи транспаренти и пеење песни, кон играчите, судиите и слично.
Се зголемува казната од 2.000 до 7.000 евра за клубот домаќин ако тој не постапи според препораките на МВР, кое биле констатирани 24 часа пред да започне мечот.
Во случај МВР да утврди дека постои опасност од недостојно однесување на фановите, организаторот мора тоа да го спречи, во спротивно ризикува да биде казнет со казна од 500 до 7.000 евра.
Па така излегува дека ако на еден натпревар има недостојно однесување на фановите, да има изливи на национализам, пеење неопристојни песни и извикување непристојни пароли, тогаш вкупната казна за два клуба може да биде дури и до 30.000 евра.
Сепак треба да се каже дека се предлага намалување на казните за поседување или конзумирање алкохолни пијалоци или опојни дроги. Поседување на пиротехнички средства, оружје и слично, предизвикување насилство и слично казната се намалува од 500 на 150-200 евра.