Бенитез се договорил со Евертон, Фенербахче се обидува да го премисли

189

Рафаел Бенитез ќе биде новиот менаџер на Евертон, тврдат повеќе угледни англиски новинари и медиуми. Според новинарот на Телеграф, Џејсон Барт, двете страни денеска си подале рака, а наскоро договорот ќе биде официјализиран и на хартија.

Новинарот на Дејли Меил, Доминик Кинг, појаснува дека Евертон и Бенитез се договориле за тригодишен договор. Претходно „Сан“ објави дека Бенитез се уште се мисли за понудата на Фенербахче, кој инсистирал тој да се обиде да воведе ред во турскиот гигант.

ПретходноАндре Силва оди во Лајпциг за 23 милиони евра!
СледноМанарино предаде, Федерер се протна во 2. коло на Вимблдон