Гари Линекер: Веројатно тоа беше најдобриот фудбалски ден!

1079

Иако денеска се игра епскиот меч меѓу Англија и Германија, во рамките на 1/8 финалето на ЕУРО, сеуште се прикажува, коментира и раскажува се она што се случуваше вчера на ЕП. Две супер средби, две “лудници“ во Копенхаген и Букурешт, вкупно 14 голови, пресврти, изведување на пенали, фантастичен фудбал, продолженија и сето тоа во еден ден.

Според добрите познавачи на фудбалот вчера беше епски ден, и затоа 28 јуни 2021 година треба да се запише како златен датум во фудбалскиот свет. Веројатно никогаш нешто слично нема да се повтори. Селекциите на Шпанија, Хрватска, Швајцарија и Франција на фудбалскиот свет им понудија невиден спектакл. Секој фудбалски фанатик кој од икс причини не можел да ги следи овие два меча засекогаш ќе жали, додека е жив.

Вчерашниот ден уште еднаш покажа зошто фудбалот е КРАЛ на спортовите, зошто фудбалот е на прво место, па неколку скалила под него, па дури потоа на ред доаѓаат останатите спортови.

Во прилог на ова говори и коментарот на Гари Линекер, некогашната голема ѕвезда на Тотенхем, Барселона и репрезентацијата на Англија кој по повод вчерашните мечеви на ЕУРО 2020 истакна…

Ова е веројатно најдобриот фудбалски ден кој сум гледал. Две фантастични средби, кои како да беа пресликани една со друга. Неверијатни сцени“ посочи Линекер.

ПретходноКалин Ивановски со скопски „покер“ за пат на Вимблдон
СледноРаздор меѓу “триколорите“: Никој не го “мириса“ Мбапе!