Далиќ на жестоки критики, одговори дали ќе поднесе оставка

341

Репрезентацијата на Хрватска е поразена во осминафиналето на ЕУРО од Шпанија со 5-3 по продолженија. „Коцкестите“ одиграа одличен меч од 3-1 се вратија и израмнија на 3-3, но по завршување на регуларниот дел примија два гола за крај на ова континентално натпреварување.

На мета на хравтските медиуми е селекторот, Златко Далиќ. Според многумина Хрватска не се покажала во вистинско светло, за време на прес-конференцијата тој одговори на прашањето дали ќе планира да поднесе оставка.

„Ниту е време, ниту пак е место да одговорам на ова прашање околу мојот мандат. Истиот ми завршува во 2022 година, навистина не е време да зборам за ова“, порача селекторот на Хрватска.

На Далиќ договорот му истекува по завршување на Мундијалот во Катар, но многумина веруваат дека и покрај сите критики тој ќе остане селектор на оваа репрезентација. Останува да видиме.

ПретходноФранцузите бараат оставка од Дешамп, го сакаат Зидан за селектор!
СледноДенеска стартуваат квaлификациите за пласман на ОИ во Токио