Младиот 24-годишен фудбалер на Дњипро, Артем Добјук, кој влезе во игра во 106. минута, успеа во последната минута од судиските продолженија да погоди за победа на Украина од 2:1 во последното осминафинале на Еуро 2020. Шведска остана шокирана иако беше голем фаворит пред почетокот на мечот.
Во регуларните 90 минути резултатот беше 1:1. И двата гола беа постигнати во првото полувреме. Напрво Зинченко погоди со еден прекрасен удар во 27. минута, по што Емил Форсберг по еден карамбол во шеснаесетникот на Украина во 43. минута израмни на 1:1.
Во второто полувреме видовме три удари во стативите или пречките од головите на двата тима, но немаше гол за победа.
На самиот старт на продолженијата, Шведска остана со играч помалку, откако Даниелсон реагираше невнимателно и со еден жесток старт го повреди штотуку влезениот Беседин. Орсато по прегледувањето на ВАР снимката му го покажа патот кон соблекувалната.
Од тој момент Шведска остана само да се брани, а Украина имаше јалови обиди да го реши мечот.
Победникот од овој дуел против Англија ќе го одигра последниот меч од четврфиналната фаза.