Загрозено учеството на Вардар во ЛШ – ЕХФ бара депозит од 1 милион евра!

479

ЕХФ денеска ги објави екипите кои треба да бидат дел од ЛШ во новата сезона. Меѓутоа Вардар е одбележан со „ѕвездичка“, и тоа поради што нашиот тим треба да исполни одредени услови.

Европската куќа на ракометот дополнува дека во процесот на регистрација ќе бара уште некои работи да бидат решени, па затоа бара 1 милион евра како депозит, кои треба да бидат уплатени на две рати.

Европската ракометна федерација денеска ги објави 16 екипи што треба да бидат дел од Лигата на шампионите во новата сезона, но учеството на македонскиот шампион Вардар е во опасност.

Првата треба да биде уплатена до 13 јули, а втората рата на 27 јули, стои во соопштението од ЕХФ.

Депозитот ќе биде искористен за покривање на долговите што клубот го има кон дел од ракометарите што играа во претходните сезони.

Доколку не бидат исполнети условите, на местото на Вардар ќе игра словенечкиот тим Горење.

ПретходноШтипските “сини“ ги стартуваа подготовките во Пехчево
СледноЕпска битка на „Вембли“ – Англија против Германија, некој мора да се збогува од ЕУРО!