И тоа се случи: Сите репрезентации од „Групата на смртта“ „загинаа“ во осминафиналето

382

По ждрепката пред почетокот на Еуро 2020, една од групите го доби називот „Група на смртта“. Тоа беше групата „Ф“ во која беа актуелните светски прваци, Французите, актуелните европски шампиони, Португалците, како и светската велесила Германија и Унгарија како аутсајдер.

Иако сосема логично беше Франција, Португалија и Германија да ја минат групата, сите очекуваа овие селекции да се борат за место до самата завршница. Сепак, членовите на „Групата на смртта“ се простија од ова ЕП поуште во првата нокаут-фаза.

Од ТОП 10 фаворити според светските обложувалници во четвртфиналето, има само четири селекции, Шпанија, Англија, Италија и Белгија.

ПретходноМанарино предаде, Федерер се протна во 2. коло на Вимблдон
СледноМирчевски е ново засилување за Академија Пандев