Интересен договор потпишал англискиот репрезентативец Џуд Белингем со Борусија Дортмунд. Играчот од средниот ред денеска полни 18 години, а во неговиот договор имало посебен член кој вели дека ќе му се продолжи договорот кога ќе стане полнолетен до 2025 година.
Актуелниот договор на младиот играч со Борусија Дортмунд беше до 2023 година, а сега тој е „врзан“ со германскиот тим уште четири години.
Дортмунд го купи Белингем од Дерби за 11 милиони евра, а се претпоставува дека неговата цена сега е тројно зголемена.