Патрик Виера е новиот менаџер на Кристал Палас

273

Партик Виеира ќе биде назначен за нов менаџер на Премиер лигашот, Кристал Палас.

Ова го објавуваат медиумите во Англија, повикувајќи се на најразлични извори што значи дека инфорамцијата е релевантна. Екс-францускиот репрезентативец ќе потпише тригодишен договор со лондонскиот клуб.

Виера е добро познат на Англиската јавност, повеќе речиси една деценија беше дел од Арсенал,а  потоа и кратко на Манчестер Сити. Се работи за млад стручњак кој досега бил дел од Њу Јорк Сити во МЛС лигата, како и на Ница во шампионатот на Франција.

 

ПретходноДаев: Лазаров се откажа, но ние продолжуваме понатаму
СледноБарса го избрка играчот кој чинеше половина милион по минута