ПОЛУВРЕМЕ: Хумелс го спречи Кејн да даде гол – 0:0 на „Вембли“

171

Англија и Германија одиграа без голови по првите 45 минути од осминафиналето на ЕУРО 2020. „Гордиот Албион“ ја има предноста поради тоа што игра на „Вембли“ пред своја публика, меѓутоа на теренот многу дуели но нема погодоци.

Тимо Вернер имаше шанса за Германците на почетокот, а на крајот на првите 45 минути по соло продорот на Стерлинг, Хари Кејн се најде во одлична позиција, но Хумелс реагираше и ја исфрли топката далеку од голот.

По вчерашните два актрактивни натпревари, сега гледаме претпазлива игра на двете екипи кои како да се чуваат за вториот дел. Без одлучни напади и обид за реализација.

ПретходноБитолчани директно во групната фаза во Европската лига
СледноМакедонскиот шампион ги победи Бугарите во Банско! (видео)