Кога имаш репрезентација преполна со мега – ѕвезди, нормално е да си имаш проблеми. Тука “работат“ егата, тука се покажува кој е кој. Медиумите во Франција известуваат дека има раздор во нивната репрезентација, и дека тоа најубаво се видело на синоќешниот пенал – рулет, посебно кога Мбапе тргнал да го изведува ударот од белата точка. Да потсетиме, тоа беше последниот пенал, Мбапе не го реализира и Франција беше елиминирана.
Прво Жиру не сакал да го гледа Мбапе, а потоа откако главната ѕвезда на репрезентацијата утнал никој, ама баш никој не му истрчал да го утеши. Сите си гледале “својата работа“. Дури подоцна селекторот Дешамп му пришол, а потоа и Диње.
Инаку сите проблеми доаѓале од Мбапе. Се однесувал како да е “главен“, дури ни селекторот Дешамп не смеел да му каже она што треба. Бил премногу себичен, играл за себе, не за репрезентацијата.
Токму затоа никој од неговите соиграчи не го “мирисал“ Мбапе.
Да потсетиме, Франција на ова ЕУРО одигра четири меча, а Мбапе не постигна ниту еден гол.
Уште повеќе, по неговиот утнат пенал синоќа Франција беше елиминирана од Швајцарија.