Рен потврди интерес од Јунајтед и ПСЖ за Камавинга

164

Директорот на Францускиот тим Рен, Флоријан Морис, и официјално потврди дека Манчестер Јунајтед и ПСЖ се заинтересирани за доведување на 18. годишниот Едуардо Камавинга.

„Постојат контакт и преговори со овие клубови за играчот. Досега не постигнавме договор со ниту една од страните. Засега, Едуардо продолжува да биде наш играч. Или ќе бараме начин повторно да потпишеме со него, или ќе размислиме за понудата на еден од клубовите кои се заинтересирани за Едуардо. Ние не сме обврзани да продадеме играч кој има уште една година од договорот.Не мислам дека Едуардо сака да го напушти Рен без пари“, изјави Морис за Француските медиуми.

Камавинга инаку е 18. годишен играч за врска, класична „десетка“ кој е роден во Ангола, но настапува за Француските младински селекции.

 

 

ПретходноСрбија во последната четвртина ја „скрши“ Доминиканска Р.
СледноКлоп го нуди Грујиќ и пари за Отавио