Ако во групната фаза на ова ЕУРО 2020 немаше речиси никакви изненадувања и сите фаворити се пласираа во осминафиналето, е тука дојде до чистилиште за фаворитите и тоа најголемите.
Па како може да се објасни податокот дека оваа фаза беше кобна за светскиот шампион (Франција), за светскиот вицешампион (Хрватска) и европскиот првак (Португалија).
По елиминацијата на Португалците завчера од Белгија, во текот на вчерашниот ден финалистите од последното СП во Русија 2018 година беа елиминирани во “луди“ натпревари од Шпанија и Швајцарија со многу голови, пресврти, продолженија а имаше и пенал – рулет.
Сега некои други момци, сега некои други репрезентации ќе играат во финалето, ќе го подигнат пехарот за најдобриот.
Нема што, одамна не сме гледале така интересно Европско првенство.