Србија ја совладаа Доминиканска Република и успешно го започнаа квалификацискиот турнир за Олимписките игри што се одржува во Белград. Србија на крајот славеше со 94:76, иако цели 30 минути селекцијата на Доминиканската република беше рамноправна.
Избраниците на Игор Кокошков ќе го обезбедат првото место во својата група во случај на победа над Филипини, па ќе се борат со победникот од мечот Италија – Порторико во борба за пласман во Токио.
Марјановиќ со 18 поени беше најефикасен кај Србија.