Трабзонспор во финална офанзива за Алиоски, но Мрме ја „расипува“ работата

16827

Турски Трабзонспор во следните неколку дена ќе испрати официјална понуда до Езџјан Алиоски за негов ангажман во редовите на тимот.

Трабзон беше заинтересиран за Алиоски, потоа се откажа поради големиот број на странци, но откако едниот од нив ќе биде продаден, сега односо се укажува можност за македонскиот интернационалец.

Алиоски исто така е поврзуван со трансфер и со другите турски гиганти како Фенербахче и Бешикташ кои исто така се интересираат за левокрилниот играч. Турските медиуми јавуваат дека токму Ангеловски е најсилен адут за трансфер на Џани во Фенер. Доколку Ангеловски биде промовиран во Фенер, тогаш е голема веројатноста Алиоски да се пресели на „Шукру Сарачоглу“ и повторно да соработува со екс селекторот на македонскиот национален тим.

ПретходноНа Белингем денеска автоматски му се продолжи договорот со Борусија Д.
СледноКалин Ивановски со скопски „покер“ за пат на Вимблдон