Пред неколку денови Василис Спанулис стави крај на кошаркарската кариера. Легендарниот грчки кошаркар се одлучи да се повлече, а вчера тоа го стори уште еден. Станува збор за Никос Зисис, кој по долги години играње во многу клубови во Европа, се реши да се повлече.
Зисис на 17 години почна професионално да игра, во миговите кога во овој тим беше промовиран и Врбица Стефанов за нов кошаркар.
Зисис е роден во Солун, а професионалната кариера ја почнува во АЕК, а потоа играше и за Бенетон, ЦСКА Москва, Монтепаски, Билбао, Уникс, Фенербахче, Бросе Бамберг, Хувентуд, за во 2020 да се врати во АЕК каде ја заврши кариерата.
Беше дел од грчката селекција која во 2005 година го освои златниот медал на Евробаскетот.