Невиден пропуст од страна на Хвратскиот фудбалски сојуз, односно одговорните лица за опремата на репрезентацијата.
Хрватите вчера во рамките од осминафиналето од ЕУРО загубија од Шпанија со 5:3, но откако стивна еуфоријата околу убедливо најинтересниот досега меч одигран на овој турнир, излезе на виделина скандал кој ни малку не е наивен.
Имено, на дресот на Хрватска се наоѓа грб кој не оној правилниот туку оној на Независната Држава Хрватска (НДХ) која што опстојуваше за време на втората светска војна и е со предзнакот Усташка. Фудбалскиот сојуз на Хрватска ја призна грешката и излезе со соопштение.
„Целиот материјал кој се печати во име на ХНС, е од страна на компанијата Ситотисак Деколор, и поради овој пропуст ќе се бара одговорност од нив. За жал, дојде до ненамерна грешка, во рачниото векторско цртање, а потоа и во печатењето на грбот односно знамето на Хрватска на дресот.
Ќе се бараат дисциплински мерки и казни за вработените кои се одговорни за ова, и за што јавно и се извинуваме на јавноста во Хрватска. Секако, ХНС одбива секаво тврдење дека се работи за намерен пропуст“ – стои во соопштението на сојузот.